Амазон достигна пазарна вредност од илјада милијарди долари

Од:

Американската платформа за онлајн трговија, Амазон надмина пазарна вредност од илјада милијарди долари со што стана втората американска компанија која достигнала толкава вредност.

Технолошкиот гигант Епл, со чии акции се тргува на берзата, на 2 август стана прва компанија во светот чија пазарна капитализација достигна илјада милијарди долари. Причината за таквиот успех на Епл, според „Њујорк тајмс“, е едноставна бидејќи станува збор за компанија што произведува уреди на кои многу луѓе сакаат да потрошат големи суми пари.

Сега Амазон, чиј основач и извршен директор Џеф Безос е „тежок“ колку и Бил Гејтс и Ворен Бафет, е втора американска компанија што ја надмина таа линија.

Амазон зема по 49 центи од секој долар потрошен во е-трговија во САД, вработува повеќе од 550.000 луѓе и годишно генерира приходи во висина од 178 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Од денеска трговците со повеќе од 10 вработени на денван основа цените треба да ги имаат на веб страниците

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии