„АМАН“ од поскапувањата

Од:

Граѓанската иницијатива „Аман“ бара од Регулаторната комисија за енергетика да ги намали цените на електричната енергија, парното греење и на горивата во согласност со стандардот.

Бараат да се врати евтината днeвна тарифа, да се врати цената на струјата од 2008 година, да се укине ставката „ангажирана моќност од 33 проценти“ во сметките за струја, да се врати цената на парното на нивото од 2008 година, итно да се повлече новиот Правилник на АД Топлификација, да се намалат цените на нафтените деривати во согласност со стандардот на живеење, да се запре со приватизација или докапитализација на целосниот енергетски сектор во сопственост на Република Македонија, да се инвестира во одржливи извори на енергија, геотермална енергија, енергија на ветер и соларна енергија,

Во спротивно, најавуваат протести пред седиштето на Комисијата и низ Македонија.

„Самоиницијативно се собравме преку социјалните мрежи и решивме од утре, па секој нареден вторник на плоштадот „Пела“ да организираме протесни собири на кои ќе го искажеме својот револт од поскапувањето на парното, горивата и струјата“, изјави пред седиштето на Комисијата, Инес Ефремова.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство