„Алкалоид“ е најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022-ра година

Од:

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја доби наградата како апсолутен победник, односно се закити со титулата ’Најпосакуван работодавец за 2022 – најпосакувана македонска компанија’“

Компанијата „Алкалоид“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“. На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26.5.2022 до 19.6.2022 година дури 41 % од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во „Алкалоид“.

Наградата му беше врачена на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов, на манифестацијата конципирана како оскари за работодавците, „Работодавец на годината“, реализирана низ симболиката на 20-годишниот јубилеј на „Вработување.ком“.

Наградите за најпосакуван работодавец се доделуваат врз база на три критериуми: бројот на посети на огласите и на објавите на сајтот „Вработување.ком“, покажаниот интерес од апликантите и јавното анкетно истражување.

На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а „Алкалоид“ ја доби наградата како апсолутен победник, односно се закити со титулата
„Најпосакуван работодавец за 2022 – најпосакувана македонска компанија“.

Како компанија во чија деловна стратегија и во стратегијата за општествена одговорност Луѓето се пред сѐ, „Алкалоид“ ќе продолжи да одржува и да креира високи професионални стандарди во работната средина која претставува кариерен предизвик за сѐ повеќе млади професионалци кои тежнеат својата кариера да ја градат во сопствената земја.

Би можело да ве интересира

Дербито помеѓу Алкалоид и Вардар заврши без победник

Алкалоид со консолидирани продажби од 84,5 милиони евра, извоз од 57,4 милион евра и со инвестиции од 4,2 милиони евра во периодот јануари – март 2025 г.

„Алкалоид“ отвори нови хоризонти во третманот на ГЕРБ со течниот Омепразол: во Загреб одржана Првата меѓународна конференција за иновативни решенија во третманот на ГЕРБ кај педијатриските пациенти

А1он

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник – најпосакуван работодавач за 2024 година

А1он

„Алкалоид“ одбележа половина век информатичкa технологиja

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 308,9 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од 14 % и со 253 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември 2024 г.