Акција на Нептун – „Само еден најсреќен ден“ со најголеми попусти и одличен избор на производи

Од:

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината, оваа година тоа е овој понеделник 20-ти јануари. Во светот, овој ден е познат како Blue Monday, или тажниот понеделник. На лошото расположение на луѓето, се смета дека влијае состојбата по новогодишните празници и исчекувањето на пролетта и на летото.

Оваа теорија е воспоставена од страна на психологот Клиф Арнал.

Научниците велат дека токму на овој ден најголем број на луѓе се чувствуваат осамено, а најчесто не помага и временската прогноза, зошто поради ладното време многумина седат дома. Треба да се додаде дека и божиќната магија е помината, а до летото има уште многу месеци, па затоа стручните лица тврдат дека овој понеделник нема да им биде најубав во годината за повеќето луѓе.

Нептун Македонија, компанијата која е лидер на пазарот за малопродажба на апарати за домаќинство и компанија која инспирира радост, се потруди на граѓаните на нашата држава да овој “Blue Monday” биде еден од најсреќните денови во годината. Нептун овој понеделник 20-ти јануари организира голема акција со цел да предизвика радост и среќа кај купувачите, со големи попусти и супер понуди.

Акцијата „Само еден најсреќен ден“ ќе нуди најголеми попусти и одличен избор на производи од сите продуктни категории. Потрошувачите ќе може да купат производи по најниски цени, со супер услови и можност да плаќаат до 60 рати. Застапени ќе бидат одлични модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт уреди и аксесоари, бела техника, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина.

Акцијата ќе важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во овој најсреќен ден!

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Секој бренд што се осмелува да излезе од својата комфорна зона е храбар бренд

А1он

Пристигна нова ера во Нептун – КОМПЈУТЕРСКИ КОМПОНЕНТИ!

А1он

Среќата не се чека, почнуваат Lucky Days во Нептун!

А1он

Секое дете заслужува да расте со ЉУБОВ – хуманитарна кампања во НЕПТУН

А1он

Добредојдовте во новиот Нептун

НЕПТУН Хуманитарна кампања за СОС Детско село “Заокружи сметка”