Агенцијата за туризам и локалната власт соработуваат за развој на руралниот туризам во Кратово

Од:

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски беше во работна посета на општина Кратово, каде оствари работен состанок со градоначалникот, д-р Љупчо Бојаџиев.
Градот на кулите и мостовите, градот со најубавите легенди од отоманскиот и римскиот период, градот сместен во грлото на изгаснат вулкан има содржини за да привлече многу повеќе туристи. Двете институции беа согласни дека треба да се работи на условите, инфрастуктурата, збогатување на туристичките содржини и нивна промоција, со цел туристите да останат еден ден повеќе во Кратово.

Кратово е изградено со типична староградска македонска архитектура што е предност за градот, зошто новата генарација туристи бараат автентични сместувања со етно елементи, дополнето со локално производство на домашна храна би било полн погодок за посетителите преку цела година. Еден од предусловите за долгорочно развивање на руралниот туризам е обновување на автентичните етно куќи кои треба да содржат традиционални елементи. За таа цел во план е организирање на трибина за жителите на градот, да им се претстави поголемата слика и визијата за периодот што следи, форми на туризам кои може да се развиваат за Кратово да прерасне во конкурентна туристичка дестинација. Тоа ќе биде реализирано во соработка на двете институции. Според некои груби пресметно со 100 легла би се оствариле 15 илјади ноќевања што секако е придонес за локалната економија.

Градоначалникот Бојачиев и директорт Јаневски ги согледаа реалните проблеми, на кои со добра стратегија и визија за развој на туризмот во градот ќе може да се отпочне на нивно решавање. Треба да се работи на реставрација на кулите и мостовите, и реална е потребата од локален водич кој знае да ја раскаже приказната. Во близина на градот се лоцирани скаменети “кукли” -Куклица, на кои итно треба да се работи на инфраструктурата, да се подобрат условите за нивна посета со поставување на табли, патокази, илуминација на локалитетот и дополнителни содржини со кои би ја зголемиле нивната посетеност. Поставување на изложба на артефакти на Цоцев камен, содржина која секако би го привлекла вниманието на посетителите. За љубителите на активен туризам велосипетска траса по новиот туристичко-рекреативен и ловно-риболовен локалитет на Злетовица е примамлива за активните туристи. Со професионална и сериозна организација да заживеат фестивалите во Кратово. Агенцијата за туризам според програмските активности спонзорира ваков вид на манифестации со цел нивна поддршка и мотивација да станат дел од традицијата. Кратово и околината имаат интересни места кои не се видени ни познати на јавноста, повеќе од потребна е валоризација на туристичките производи.

Во периодов што следи во соработка со двете институции ќе бидат поставени нови билборди во градот, односто нови колажи со интересни прикази кои ќе комуницираат со поситетилите и ќе ги привлечат да останат и да го истражат Кратово. Агенцијата за туризам работи на прмоција на Кравово на повеќе туристички пазари како, Бугарија, Полска, Турција, чии туристи се приоритетни за градот. Оваа година предвидувањата се позитивни и очекуваме зголемување како на странски посетители така и на остварени ноќевања.

Би можело да ве интересира

Жена од Скопје со „спарк“ излетала од пат во Кратово, со тешки повреди завршила во болница

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Кратово

ОЈО: Маж од Кратово ја тепал и ја давел сопругата, таа се ослободила и со нож го убила него и неговиот татко

Горан Наумовски

МВР со детали за жената која ги избоде мажот и свекорот во Кратово

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он