Отворен нов јавен повик за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површински води

Од:

Земјоделците од денеска до 27 јануари 2022 година ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од Прогарамата за рурален развој преку мерката 121.4 „Набавка на систем капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода“, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

Директорот на АФПЗРР Никица Бачовски, информира дека за добивање на оваа поддршка може да аплицираат сите земјоделци кои се евидентирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

– Сите заинтересирани барањата може да ги поднесат електронски на e– baranje.ipardpa.gov.mk. Максималната сума која може да ја земе поединечно секое земјоделско стопанство за систем за наводнување е до 1.800.000 денари додека финансиската поддршка за инвестиции во бунари или зафати за површинска вода е до 364 илјади денари по корисник, информира Бачовски.

Со овие средства може да се набават подземни и надземни системи за наводнување капка по капка, набавка на приклучна опрема ( филтри, пумпи, цевки и спојни елементи), опрема за електрична инсталација за снабдување со струја вклучително и енергетска ефикасност, агрегати или генератори и придружна инсталациона опрема, софтвери за управување и контрола на системот за наводнување, градежни зафати за бунари, изработка на студии и елаборати. Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот а во висина 50 до 70 отсто од вредноста на одобрените и прифатливи трошоци за инвестиции. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки од Програмаат за рурален развој. Барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред да потпишат договор со АФПЗРР. Краен рок за доставување на е барања е 27 јануари 2022 година.

Од АФПЗРР, посочуваат дека барањата кои не се поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Би можело да ве интересира

Исплатени над 575 милиони денари субвенции за лозарите

Ана Ололовска

Продолжен рокот за аплицирање за набавка на системи за наводнување

Ана Ололовска

Исплатени близу 22 милиони денари за плати за овчарите

Ана Ололовска

На располагање нови средства за развој на рибарство и аквакултурата, отворени два нови повика

Ана Ололовска

АФПЗРР: Нов дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за средства од ИПАРД 2, Мерка 7

Ана Ололовска

Објавен повикот за финансиска поддршка на нови и јакнење на постојните земјоделски задруги

Ана Ололовска