73 милиони евра за увоз на струја за само седум месеци

Од:

Македонија никако да го намали увозот на струја и одливот на девизи по оваа основа. Трговците на струја во земјава тријат раце. Поголемиот дел од експертите, кои се и потпишани зад владините енерегтски стратегии, јавно не сакаат да ја коментира ваквата ситуација.

Иако истите тие експерти се главните творци на енергстеките стратегии кои ги нарача Владата, не се одважија да коментираат што значи и ќе значи ваквиот тренд на пораст на увозот на струја во земјава, објави Фактор.

Увозот на струја зема се поголем замав. Неверојатни 5,7 милиони евра чинеше увозот на електрична енергија на Македонија само во јули годинава. Податоците се уште позагрижувачки ако се анализира периодот јануари – јули годинава за кои во моментот има официјални податоци. Дури 73 милиони евра Македонија искеширала за увоз само за струја во првите седум месеци од годинава.

Поголемиот дел од енерегетските експерти во земјава, за Фактор одбиваат да го коментираат галопирачкиот раст на увозот на струја и последиците од одливот на овие пари од државата. Иако истите тие експерти се главните творци на енергстеките стратегии кои ги нарача Владата, не се одважија да коментираат што значи и ќе значи ваквиот тренд на пораст на увозот на струја во земјава.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски