3Д технологија за индивидуално решение за секој пациент – нов стоматолошки оддел во Клиниката Жан Митрев

Од:

Сите стоматолошки зафати, ортодонција и орална хирургија се дел од услугите во новиот стоматолошки оддел на Клиниката Жан Митрев.

Во новоотворениот стоматолошки центар ќе се работи според најсовремени стандарди каде со современа 3Д технологија ќе може да се одреди точно што му е потребно на пациентот.
„Се работи за врвна технологија која овозможува за секој пациент одделно да се изработи специфична потребна услуга.

Како дополнување на понудата е делот на анестезија што се применува секаде во свет, каде пациентот нема да почувствува болка додека му се врши зафатот. Според 3Д мапингот ќе може да се направи индивидуализиран пристап за секој пациент со најдобрите решенија за соодветниот проблем. Преку 3Д принтерот ќе се изработи целосен модел потребен за пациентот што не е пракса досега кај нас“, објаснуваат од Клиниката Жан Митрев.

Одделот ќе нуди услуги во делот на ендодонција, ортодонција, фиксна и мобилна протетика, орална хирургија и имплантологија. Достапен е дигитален рендген за единечно и панорамско снимање.

Закажување се врши на телефонските броеви 02 3091 484 и 072 267 064.

Би можело да ве интересира

Се роди првото бебе во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев

(ВИДЕО) Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди во Македонија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Безболно на стоматолог за пациентите нетолерантни на болка

Свесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени

Прва безболна имплантација на заби во Клиника Жан Митрев

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев со нови инвестиции до врвен здравствен систем со сите услуги на едно место

Горан Наумовски