Литар безоловен бензин на грчките острови е повеќе од две евра.
Според грчките медиуми до поскапување дошло поради зголемениот број туристи во овој период од летото.
Економската криза, нередите, нестабилноста но и високите цени, се причина за намален број на туристи за разлика од изминатите години.
Најскап бензин засега има на групата 12 острови Додеканези (Родос, Кос, Патмос и други), на Крит и во реонот на Пиреја.