Светски познатиот диригент на Израелскиот филхармониски оркестар, Зубин Мехта (80), изјави дека планира да замине во пензија во октомври 2019 година.
Легендарниот маестро го предводеше познатиот оркестар од Тел Авив на илјадници концерти и турнеи на пет континенти откако првпат се појави со нив во 1961 година.
Тој стана музички диригент на оркестарот во 1977 година, а четири години подоцна е именуван на таа должност доживотно.
Мехта уште во неговите 20-години предводеше познати оркестри, како на пример Берлинскиот филхармониски оркестар, а беше и гостин диригент во миланската Скала.