„Зрак по мракот“ – филм за храброста да се затвори кругот на насилството

Од:

Краткиот документарен филм „Зрак по мракот“ во продукција на „Види Вака“ е третиот од серијата шест мултимедијални приказни за граѓани кои се соочуваат со некакви предизвици во време на пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Автор на „Зрак по мракот“ е новинарката Христина Ѓорѓиевска, а директор на фотографијата е Крсте Шупев. Продуценти се Мите Кузевски и Горан Игиќ.

Главните протагонисти во филмот се две жени жртви на семејно насилство, кои зборуваат за претрпеното физичко и психичко насилство, но и за храброста да го затворат кругот на насилството.

Извршната директорка во „Глас против насилство“, Елена Димушевска, во документарниот филм зборува за Куќата за отворено домување за жените жртви на семејно насилство, која им овозможува на жртвите откако ќе го напуштат Шелтерот, да бидат сместени таму, додека социјалната работничка во Прв семеен центар, Ивана Костовска, ја истакнува важноста на психо-социјална поддршка која ја дава центарот на жртвите на семејно насилство.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ