Зошто крими романите се левичарски, а трилерите десничарски?

Од:

Гардијан – Лондон

Во Лондон бев на фестивал на криминалистичкиот роман. Фестивалот нагости писатели од целиот свет, кои учествуваа во панел дискусии на разни интересни теми.

Во Франција сериозно ја сфаќаат криминалистичката фикција, мене ми поставуваа прашања од геополитиката и прашања за функција на стравот. Самата се затекнав како зборувам нешта како бегање од хегемонијата на метрополата, во врска со пишувањето на криминалните романи во Велика Британија во 80-те години на минатиот век.

Уште една работа која исто така многу ги интересира е местото на политиката во книжевноста. Минатиот викенд во Франција имаше локални избори, па во разговор со своите пријатели Французи можев да слушнам благ призвук на негодувања. Беа загрижени поради подемот на десницата, поради можно враќање на Никола Саркози, неуспехот на левицата и зголемената популарност на Националниот фронт.

Како што потенцира мојот сограѓанин Јан Ранкин, криминалистичките романи на денешницата, меѓу кои преовладува романот ноар, одат кон лево. Тие го критикуваат статус квото, некогаш отворено, некогаш посуптилно. Често го даваат гласот на ликови кои немаат удобна позиција во светот, на имигранти, сексуални работници, сиромашни, стари. Обесправени и на тие кои не гласаат.

Трилерот, од друга страна, оди кон конзервативците, веројатно затоа што во трилерот е присутна закана од свртување на светот наопаку, идејата дека ви е одземено се што го сметате за важно. А како што вели Боб Дилан: Кога ништо немаш, немаш што да изгубиш.

Секако, овие ставови обично не ги треснуваат читателите по глава како партиски памфлет. Бидејќи ако тоа не е направено суптилно, само ќе успеете да ги избркате читателите во голем број. Нашите ставови доспеваат во нашето пишување бидејќи тоа се наши ставови, бидејќи го формираат нашиот агол на гледање и бидејќи врз основа на нив го толкуваме светот, а не затоа што имаме желба да ги преобратиме нашите читатели на нашето гледање на светот. Иако секако тоа понекогаш ни поаѓа од рака.

Почнав да објавувам криминалиситчки романи во 1987 година. Мојата хероина беше шкотска новинарка, лезбејка, личност која никогаш не би му се допаднала на голем комерцијален издавач. (Тоа беше во време кога тие издавачи би рекле: Зошто некој воопшто би сакал да чита книга чие дејствие се случува во Глазгов, Манчестер, Нотингем?). Така книгата ја објави една мала независна феминистичка издавачка куќа, па и продажбата беше многу мала.

Но, моите амбиции не беа мали. Сакав да бидам читана. Сакав да живеам од пишувањето. Ги познавав читателските навики на љубителите на крими романите, бидејќи и јас бев една од нив. Пронајдете го новиот писател кој ви се допаѓа? Веднаш одете и купете се што тој или таа напишале. Знаев дека ако создадам детектив кој ќе и се допадне на широката публика, тие тогаш ќе ги купуваат и моите претходни книги.

А моите причини не беа само од комерцијална природа. Сакав хетеросексуалните луѓе да засакаат лик кој е геј и да сфатат дека има повеќе работи кои им се заеднички, од работите кои ги раздвојуваат. Тоа на некој мал начин, беше политички чин.

Писателите секогаш се грижат за општеството и системите во кои живеат. Моите пријатели Французи се речиси подеднакво заинтересирани за британската политика, како и за се што се случува во Франција. Дали Шкотланѓаните ќе бидат решавачки фактор при изборите за нова влада? Дали навистина ќе почнеме да дебатираме за излез од ЕУ? Дали ќе има уште еден референдум за независност? Кој ја застапува левицата во Велика Британија?

На референдумот минатата година, креативците северно и јужно од границата беа важни учесници во дебатите. Не се сеќавам на период во британската политика кога писателите, комичарите, драматурзите, поетите, музичарите и уметниците имале толку активна улога во кампања.

Во текот на викендот размислував за тоа зошто е тоа така. Размислував за меѓусебната отуѓеност на гласачите и политичарите. Размислував за нашето згрозување над скандалот во врска со платите на политичарите и за владата која е толку арогантна што не ни сака да ни каже како ќе ја изеде државата ако освои уште еден мандат.

Кога луѓето ќе ја загубат довербата во политичарите, мора да ја најдат некаде на друго место. Можеби поради тоа што веруваат дека писателите зборуваат за еден вид на вистина скриена во фикција, сега не слушаат како никогаш порано. А тоа е помалку застрашувачка помисла.

автор: Вал Мекдермид

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска