„Зло Време“ на Раде Силјан промовирана во Бугарија

Од:

Поетската книга „Зло време“ од македонскиот поет Раде Силјан вчера беше промовирана во прес-центарот на Бугарската телеграфска агенција – БТА во Софија пред стотина присутни писатели, преведувачи и новинари. Преводот на бугарски јазик е на Владимир Луков, а во издание на издавачката куќа „Богианна“, чиј главен уредник е Бојан Ангелов, актуелен претседател на Сојузот на бугарските писатели, соопшти издавачот „Матица македонска“.

За делото говореше литературната критичарка академик Благовеста Касабова, која констатира дека „Силјан спаѓа во редот на автентичните поети и дека неговите лирски пораки се со универзални вредности“.

На свеченоста по повод промовирањето на поетската книга на македонскиот поет Раде Силјан, Сојузот на слободните уметници на Бугарија му ја додели меѓународната наградата „Амбасадор на пријателството“ за неговиот придонес во развојот на бугарско-македонските куклтурни врски.

На врачувањето на наградата присуствувале заменикот амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија, Гоце Георгиевски и директорот на Македонскиот културен центар, Васко Шутаров.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска