„Златна петорка“ премиерно во Њу Џерси, а во Мумбај прогласен за најдобар странски филм

Од:

Филмот „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски ја имаше својата американска премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Њу Џерси, а беше прикажан и во Мумбај, на индискиот Јагран филм фестивал, кој е моментно најпосетениот филмски фестивал во Јужна Азија и се одржуваше во 16 градови во Индија.

Во официјалната програма на 36-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Њу Џерси, во петокот се случи свечената американска премиера на долгометражниот игран филм „Златна петорка“ на Горан Тренчовски во продукција на Револушн од Скопје.

Филмот беше поздравен со долготраен аплауз, а режисерот одговараше на прашања на публиката. На премиерата, меѓу другите, присуствуваа и бројни претставници од американската филмска индустрија, како и од македонската заедница во САД.

Ден потоа, филмот се прикажа и во Мумбај, на индискиот Јагран филм фестивал, кој е моментно најпосетениот филмски фестивал во Јужна Азија и се одржуваше во 16 градови во Индија.

Денеска, на затворањето на фестивалот во Мумбај, во центарот на Боливуд, филмот ја освои Наградата за најдобар странски филм, а режисерот Тренчовски имаше обраќање со видеопорака.

Филмот „Златна петорка“ наскоро ќе учествува и на фестивали во Варшава, Санкт Петербург, Брно, Софија и Нови Сад, а странски дистрибутери се заинтересирани за правата за прикажување во Америка, Европа и Азија.

Филмот досега е селектиран на над 20 фестивали, освои шест интернационални награди и е најгледан македонски филм изминатата сезона.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ