„Златен пресек“ на Катица Ќулавкова во издание на „Матица македонска“

Од:

„Матица македонска“ во едицијата „Хераклеја“ објави избор од поезијата на современата македонска писателка Катица Ќулавкова, насловен „Златен пресек“.

Книгата содржи шеесет песни поделени во шест тематски циклуси, во кои се презентираат високите естетски остварувања на Ќулавкова. Поговорот за изданието го напиша универзитескиот професор и писател Владимир Мартиновски.

Катица Ќулавкова (Велес,1951) е автор на стихозбирките: Благовести, Акт, Нашиот согласник, Нова пот, Жедби, Престапни години, Домино, Изгон на злото, Меѓусвет, Слеп агол, Тенок мраз, Кога ни гореше под нозете и Хаику елегии.

Нејзини книги се преведени на англиски, француски, романски, португалски, италијански, хрватски, српски и на бугарски јазик. Добитник е на национални и меѓународни книжевни награди, меѓу кои и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска