Во книжарниците на ТРИ денеска почнува популарниот Зимски фестивал на книгата, со кој издавачката куќа традиционално ја заокружува читачката година.
ТРИ соопшти дека фестивалот ќе има новитети, попусти на сите изданија, како и дополнителни акции, промоции и наградни игри од денеска до 31 јануари 2021, во книжарниците (ГТЦ, Дебар Маало и ТЦ Зебра) и онлајн на www.kniga.mk (понуда со изданија), www.prikazni.mk (блогот на ТРИ со сите информации и новини).
– Фестивалот носи разновидна понуда на книги од сите жанрови, со сезонски попусти од 20 до 70 отсто на над шестотини изданија на ТРИ и на Паблишер, избор од 60 наслови по специјална цена од само 99 денари, екстра попуст за купени три или повеќе книги и многу други изненадувања за читателите. Фестивалот ќе понуди и инспиративна празнична еуфорија која ќе ве одушеви – оригинално бесплатно пакување и мини честитка, како и изненадувања за најмладите, информира ТРИ.
Најави промоција на актуелни наслови кои ги има во фестивалскиот каталог: http://kniga.mk/pdf/Katalog.