„Живот во движење“ за јубилејот на Балетот

Од:

„Живот во движење“ е насловена изложбата што Балетот ја подготви за да го прикаже својот седумдецениски развој. Ќе биде отворена вечер во 19 часот во фоајето на Националната опера и балет, пред гала балетскиот концерт на кој по повод 70-годишниот јубилеј ќе настапи целиот балетски ансамбл и гости солисти од неколку земји.

Изложбата е конципирана во седум делови и секој е историјат за премиерите во одделна декада и прикажува фотографии од уметниците и од изведбите, каталози, костими и костимографски скици за претставите, медиумски написи и 19 оригинални плакати за балетски премиери, меѓу кои и за првата – „Валпургиска ноќ“, стар 70 години… Изложбата во НОБ ќе биде поставена два месеца, а во план е да гостува во повеќе градови низ земјава.

Идејата и реализацијата на изложбата е на Наташа Јосифовска, која на прес-конференција рече дека во фокусот е целиот балетски ансамбл зашто целта на изложбата е да се прикаже вкупната работа, продукцијата во седумте декади и заедништвото во балетскиот ансамбл.

Чествувањето седум децении постоење на Балетот кое траеше во целата 2019 година, ќе биде заокружено со гала балетскиот концерт од 20 часот, кој ќе има два дела – класичен и модерен балет. Ќе учествуваат сите првенци на Балетот и целиот балетски ансамбл, како и гости солисти од неколку земји.

– Приказната што почна во 1949 година треба да ја негуваме и да ја воздигнуваме секогаш на повисок пиедестал. Со солистите и целиот ансамбл направивме убав колаж. Цела година беше во знакот на јубилејот, а ова ќе биде круната, рече директорката на Балетот Олга Панго, која е режисер на концертот заедно со Дејан Прошев.

На вечерашната свеченост ќе бидат доделени и благодарници на сите што придонеле во развојот на Балетот во изминатите 70 години, почнувајќи постхумно за основоположникот на балетскиот ансамбл Ѓорѓи Македонски – кореограф на првата балетска претстава, па сè до поновите генерации балетски уметници.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска