„Живеалиште“ нова збирка поезија на битолчанецот Кире Неделковски

Од:

Битолскиот поет Кире Неделковски ја претстави својата најнова, 15-та по ред книга, „Живеалиште“, избрана поезија чиј издавач е Матица македонска-Скопје.

Станува збор за избрана поезија на тема „Живеалиште“ – симболика и метафора за да се види колку книгата ќе живее и опстојува, појасни поетот Неделковски на денешната прес-конференција.

zivealisteKniga

– Изборот поезија е отпечатен на македонски и француски јазик на 230 страници. Се радувам што веднаш по објавувањето книгата предизвика големо внимание, посебно во Битола како франкофонски град и место во кое се негува францускиот јазик. Во истовреме, деновиве во Франција во референтното и светски познато списание „Литературен квасец“ објавени се 12 мои песни на македонски и француски јазик со обемен биографски материјал и фотографија и за мене тоа е голема чест да бидам во друштво со поети од Аргентина, Англија, Кина, Франција, Романија и други држави, и што е најважно потпишан сум како поет од Република Македонија, истакна Неделковски.

Поговорот за книгата „Живеалиште“ го напиша Ефтим Клетников, а преводот од македонски на француски јазик го направи Пецо Неделковски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска