„Женски приказни“ во Филхармонија за 8 Март

Од:

„Женски приказни“ е насловен концертот кој по повод Денот на жените,8 март, в четврток во 20 часот, ќе се одржи во Македонската филхармонија.

Со оркестарот на Македонската филхармонија ќе настапат две млади, но искусни и мошне талентирани уметнички – солист ќе биде руско-германската пијанистка Олга Шепс, а оркестарот ќе го води младата диригентка Елена Митревска која своето образование го стекнала во Виена. Во Скопје таа ќе пристигне од Овиедо, каде што од 2016 е ангажирана како хор-мајстор во операта во овој шпански град.

На концертот на кој Митревска за прв пат ќе го води оркестарот на Македонската филхармонија, ќе бидат изведени две експресивни дела од Бетовен – фантастичниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 и Увертирата „Леонора“ бр. 3. Македонската филхармонија на овој концерт ќе изведе и колаж од двете свити од сценската музика „Арлезијанка“ од Жорж Бизе“.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска