Жената во Македонија низ времето: Првата тематска музејска поставка вон музеј

Од:

По повод меѓународниот ден на Жената, 8-ми март, Скопје Сити Мол, во соработка со Археолошкиот Музеј на Македонија, Музеј на македонската борба и Ансамбл Македонија, ја организираат првата вонмузејска поставка на артефакти, носии и инсталации за жената во Македонија. Ова експо за прв пат, на едно место со голема синергија ќе ја прикаже жената во Македонија во вид на патување низ времето.

Македонската жена е претставена преку 8 археолошки експонати насловени како „Праисториските дами од Македонија” кои датираат од 6-тиот милениум п.н.е. (среден неолит), па сè до средината на 4-тиот милениум п.н.е. (крајот на енеолитот); 6 историски инфо табли каде е претставена “Жената борец за државност и самостојност”, жена која била бунтовник, револуционер и пред сè борец; како и 5 експонати кои ја отсликуваат македонската жена низ фолклорот, преку артефакти кои го достигнале врвот на својата убавина, грациозност и доминантност во 20-тиот век, а се вбројувани во носии од највисок ранг во светски размери.

Во рамките на отворањето, со цел доближување на жената низ етнолошка призма поблиску до скопската публика, Ансамблот Македонија изведе музички перформанс.

Несомнено е дека изложбата е успешна бидејќи е организирана во најфрекфентното место во градот каде илјадници луѓе поминуваат на неделно ниво. Посетителите кои ќе ја посетат и видат изложбата, ќе бидат поттикнати да ги посетуваат музеите почесто.

Скопје Сити Мол како главен двигател на модерните случувања во градот, уште еднаш ја покажа својата оргиналност и општествена одговорност чествувајќи го 8-ми март – Меѓународниот ден на жената на еден уникатен начин, валоризирајќи ги историјата, културата и уметноста на жената од Македонија.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија