„Жената на мојот живот“ на маркетот во Кан и на неколку светски фестивали

Од:

Бугарскиот филм „Жената на мојот живот“ на Андон Дончев, во кој копродуцира Македонија, утре во два термина ќе биде прикажан на филмскиот маркет во Кан. Филмот е во продукција на „Арс“ од Бугарија, а македонски продуцент е Димитар Николов.

Драмата е копродукција помеѓу Бугарија, Македонија, Курдистан и Романија, а ја поддржа Агенцијата за филм на Македонија. Една од главните улоги ја толкува македонската актерка Кристина Христова-Николова.

Филмот, исто така, е поканет и на неколку меѓународни фестивали. Веќе се потврдени учествата на фестивалот во Москва во програмата „Слободна мисла“, на интернационалниот филмски фестивал „МареМостра“ во Палма де Мајорка, како и на филмскиот фестивал во Улан Батар, Монголија.

Филмот се снимаше во 2014 година, во сите земји кои учествуваат во проектот, како и во Кипар и во Турција.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он