Жан Пјер Симеон добитник на „Златен венец“, Катрин Пиц на наградата „Мостови на Струга“

Од:

Поетот Жан Пјер Симеон од Франција е добитник на наградата „Златен венец“ за оваа година, додека пак наградата „Мостови на Струга“ годинава ја освои германската поетеса Катрин Пиц за нејзината дебитантска збирка „Вакви денови имало отсекогаш“.

Лауреатите денеска беа прогласени од Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.

По свеченото прогласување во МАНУ што се одржа денеска на Светскиот ден на поезијата, продолжи традиционалното поетско читање на кое настапуваат истакнати поети – членови на Македонскиот ПЕН Центар, како и други истакнати македонски поети.

Би можело да ве интересира

Врачени највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата

Жан Пјер Симеон: Поезијата е местото каде можеме сите да се обединиме

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Сиљановска Давкова ги прими лауреатот, добитничките на награди и организаторите на 63. издание на Струшките вечери на поезијата

„Струшки вечери на поезијата“ од 22 до 26 август под мотото „Допир на убавината“