Зградата на велешката библиотека ќе се пренамени во Младински мултимедијален центар

Од:

Зградата на локалната библиотека „Гоце Делчев“, општина Велес планира наскоро да ја пренамени во Младински мултимедијален креативен центар.

Како што најави градоначалникот Аце Коцевски, оваа велелепна зграда во иднина ќе работи како Мултимедијален младински центар наменет за вежбање на Балетското студио „Анабела“ и „Црни мачиња“, на фолклорните друштва од градот и други музичари и младински активисти и групи.

Предвиденое е бараката на КУД „Керамичар“ лоцирана во Младинскиот парк да се адаптира и реновира и таму да се пресели библиотеката.

Инаку, локалната библиотека „Гоце Делчев“ во сегашната зграда е од август 2008, кога беше префрлена од малите простории што се наоѓаа во центарот на градот.

Во просториите на сегашната библиотека „Гоце Делчев“ претходно работеше Пионерскиот дом „Ѓоре Органџиев“, кој беше затворен пред петнаесеттина години. Во зградата на Пионерскиот дом претходно работеше Младинскиот центар во кој се собираа фолклорните и други ансамбли на градот и тука вежбаа.

Во зградата на сегашната локална библиотека се наоѓа и големата сала „Бели мугри“, каде се одржуваат голем дел од манифестацииите, културните и други настани во Велес.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

,,Чествување на Ацо Шопов” во Скопската градска библиотека

Романот „Библиотекарката од Аушвиц“ од Антонио Итурбе објавен на македонски јазик

Мобилна библиотека ќе врти низ земјава, ќе им промовира читање и други вредности на граѓаните

Жарко Настоски

Битолската библиотека „Св.Климент Охридски“ го одбележува Светскиот ден на гласно читање

Ана Ололовска

„Совршеното дете“ од Лусинда Бери и „Еднаш и тогаш“ од Морис Глицман најчитани книги во библиотеката во Битола

Ана Ололовска