„Здравјето на конец“, документарен филм за горчливиот живот на текстилните работници во време на пандемија

Од:

Краткиот документарен филм „Здравјето на конец“ во продукција на Види Вака е вториот од серијата од шест мултимедијални приказни за граѓани кои се соочуваат со некакви предизвици во време на пандемијата предизвикана од Kовид-19.

-Како е да се биде работник во фабрика во време на пандемија? Колку кризата од коронавирусот им го загорчи животот на текстилните работници? Токму на овие прашања во документарниот филм „Здравјето на конец“, четири жени ги одговараат, а воедно и посочуваат како е да се заработува со игла и конец, објаснуваат од Види Вака.

Продуцентите информираат дека во филмот една од текстилните работнички како самохрана мајка, во време на светска пандемија го губи своето работно место во конфекција без свое знаење. А другата, две децении својата работа ја доживува како затвор.

-Ние нашата фирма си ја викаме Алкатраз, истакнува една од работничките во фабрика.

Колективни отпуштања, прекини со спогодба и намалување на платата, беа едни од најчестите прекршувања на работничките права изминативе месеци.

Претседателката на Здружението на граѓани „Гласен текстилец“, Кристина Ампева, за ваквите прекршувања прстот го вперува кај работодавците.

-Треба да знаат дека работничките и работниците се оние кои им го прават профитот, не обратно, вели Ампева во филмот.

Продуцентите објаснуваат дека една од протагонистите во краткиот документарен филм е и параправничката Розета Арсова која им помага на работниците во решавањето на нивниот проблем.

-Според Меѓународната конфедерација на синдикати, во земјава има „системско кршење на правата“, а со вакви слични предизвици како носителите на дејството во филмот, се соочуваат и други работници на фабрики на територија на цела држава. Кризата предизвикана од коронавирусот, дополнително им го отежна животот на текстилните работнички и работници, велат од Види Вака.

Автор на филмот е новинарката Христина Ѓорѓиевска, а директор на фотографијата е Крсте Шупев. Продуценти на документарниот филм се Мите Кузевски и Горан Игиќ.

-Тимот на Види Вака ќе продолжи и во иднина да ги покрива темите кои ги засегаат ранливите и маргинализираните групи и да поттикнува унапредување на човековите права преку медиумски содржини, велат продуцентите.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска

Документарците на Горан Радовановиќ за Душан Макавеев и Петер Хандке на филмската програма на Кинотека

Снимање на краткиот документарец „Возот кој никогаш не дојде“

Ана Ололовска

Премиера на документарецот „Охридските пливачки легенди“

Ана Ололовска