Зборник од научниот собир „Културата на распродажба“

Од:

Институтот за македонска литература денеска напладне ќе промовира зборник насловен „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“ од истоимениот научен собир организиран на 28 и 29 ноември 2018 година по повод десет години од Културолошките студии во Институтот.

Идејата била да се проследи до каде се оди со комерцијализацијата на културата во земјава, колку овие процеси ја соголуваат културата од нејзината основна суштина и ја менуваат за потребите на пазарот.

Зборникот опфаќа теми за теоретските и историските перспективи на консумеризмот, естетизацијата и деестетизацијата на културата и уметноста, комерцијализацијата наспроти естрадизацијата, новите технологии и нивната улога во културната економија, културното наследство и вредносните канони, како и прашања за книжевната вредност, книжевните класици, современите бестселери, онлајн-продажбата, издаваштвото…

– Дискутиравме за тоа дека денес има сè помалку нешта што не се на продажба, а потрошувачката не опфаќа само консумирање предмети и услуги туку и на вредности, идеи, медиумски и уметнички претстави и слики итн. Од друга страна, прашањето на комерцијализацијата е прашање на индустрија и бизнис, во кои културата е само средство. Тоа нè доведе до дилемите за вредноста, стандардите и уште ред други горливи прашања на кои нема едноставен одговор, ниту само еден „виновник“ за распродажбата на културата, соопшти Институтот.

Автори на трудовите се научници од повеќе области – културолози, филолози, естетичари, историчари на уметноста, како и писатели и издавачи. Главни уредници се професорките од Институтот за македонска литература Ана Мартиноска и Маја Јакимовска-Тошиќ, а извршен уредник е Билјана Јоновска-Стефковска.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска