Завршува вториот дел на петтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура

Од:

Програмата на вториот дел на петтото издание на КРИК – Фестивал за критичка култура завршува вечерва во 19:30 часот со премиерна проекција на краткиот фотографски филм на Иван Блажев, „Сето време е сето време“ инспириран од литературното дело на Курт Вонегат, „Кланица 5“, за контроверзното бомбардирање на Дрезден на крајот на Втората светска војна.

По проекција на филмот следува предавањето на Небојша Вилиќ насловено „Пролегомена за една комунитативна ангажираност“, проследено со излагања на Натали Р. Павлеска и Јованка Попопова и разговор помеѓу тројцата учесници.

– Ако нормалноста на тековнава стварност ја определиме како „комунитативна“ тогаш и ангажираноста би можела да се определи како „комунитативна“, односно, да се воспостави ангажман на уметникот кој во себе ќе ја содржи и состојката на „комунативното“ и онаа на „комуникативното“. Поточно, културата и уметноста преку ваквата ангажираност би можела да стане поттикнувачка, дејствувачка и остварувачка алатка за постварување на намерата, потребата и нужноста за промена на тековнава општествено-економска формација во некоја друга, поинаква, а зошто да не и – нова. Во оваа прилика ќе се обидам да го определам поимот на „комунитативната ангажираност“, имајќи го на ум, пред сѐ, ставот на Жак Рансиер според кој: „Не постои ангажирана уметност,постојат само ангажирани уметници!“, истакна професорот Вилиќ најавувајќи ја вечерашната дискусија.

Во рамките на програмата на вториот дел, Станимир Панајотов и Артан Садику вчера вечер низ перфомативен теориско – поетски разговор, кој вклучуваше и музика и учество на публиката, говореа за поимот на сексуалноста во услови на посткапитализам, за личните искуства поврзани со смртта и теориските и политичките концепти во светло на актуелниот историски момент.

Како дел од овој настан насловен „Сексуалноста и смртта“, Панајотов и Садику ги читаа своите песни посветени на „оваа изопаченост наречена љубов“, на сексуалната „жед за анихилација“ и други „грандиозни неправилности“. Песните се дел од заедничката книга, која се состои од нивна поезија, заедничко читање и меѓусебно креативно уредување.

Би можело да ве интересира

КРИК – фестивал за критичка култура

Со промоција на книгата „Субјект(ивна) политика“ од Артан Садику завршува седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура

Ана Ололовска

Седмото издание на КРИК фестивал продолжува со перформансот „Обука за реанимација“

Ана Ололовска

Изложба „Сенките на занаетите“ од турскиот уметник Билал Јилмаз утре на програмата на фестивалот КРИК

Ана Ололовска

Поетско читање вечерва на фестивалот КРИК, вчера покрај трпеза познати уметници и писатели говореа за демокртијата

Ана Ололовска

„Гозба или за љубовта” на КРИК 07 – уметници и писатели ќе говорат за демократијата, уметноста, љубовта, пријателството и убавото

Ана Ололовска