Завршува УФО фестивалот во Охрид

Од:

Во Охрид денеска завршува второто издание од УФО фестивалот, што се одржува во организација на Центарот за културен проток „АРТерија“ на летната сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“.

На манифестацијата, твореа млади реномирани уметници, а сцената на просторот „Кино бавча“ беше исполнета со нивни уметнички перформанси.

Организаторите посочија дека станува збор за несекојдневен фестивал. На исто место беа цртани графити, имаше музички перформанси, оригами работилница, изложби на слики и уметнички фотографии, на накит и филиграни, читање поезија, прикажување филмови.

Младите уметници, според организаторите, даваат нов дух на новото време на летната сцена која сега почнува да функционира. Тие додаваат дека летната сцена „Кино бавча“ е приспособена да функционира со поддршка од Министерството за култура,  за целосна реконструкција и осовременување најавена е поддршка од општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи