Завршува снимањето на филмот „Деца на сонцето“

Од:

Последната клапа на долгометражниот игран филм „Деца на сонцето“ на режисерот Антонио Митрикески ќе биде снимена денеска на пероните на Железничката станица во Скопје.

На настанот ќе присуствува и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Филмот почна да се снима на 17 јуни во Отешево, на брегот на Преспанското Езеро. Станува збор за трет игран филм на режисерот Антонио Митрикески, по „Преку езерото“ од 1997 и „Како лош сон“ од 2003 година.

„Деца на сонцето“ е по сценарио на познатиот балкански автор  Гордан Михиќ и е копродукција со Србија и Црна Гора. Македонски продукции се „Хоризонт филм“ и „Револушн продукција“.

Филмот е љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко, а нив ќе ги толкуваат младите Кире Ѓоревски, кој дипломирал во Бугарија, и Ивана Павлаковиќ, студентка на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Во филмот ќе играат Владо Јовановски, Милица Стојанова, Мето Јовановски, Ацо Дуковски, Ѓорѓи Јолевски, Данчо Чевревски, Билјана Таневска, Камка Тоциновски, Мартин Мирчевски, Сашко Коцев и три деца. Новина е што Влатко Стефановски, кој е автор на музиката за филмот, првпат ќе има епизодна улога на филм и ќе го игра Човекот со гитара.

Директор на фотографија е Јарек Шода од Полска,  а костимограф е Зорица Тодорова-Младеновиќ.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ