Завршува Интернационалниот младински арт фестивал „Битола отворен град“

Од:

Со спектакуларен настап на светски познатиот ди-џеј од Велика Британија Мајкл Греј и една од најпознатите жени ди-џеи во Европа, унгарката Дијане Надине, вечер на Широк Сокак завршува Интернационалниот младински арт фестивал „Битола отворен град“.

Доаѓањето на Мајкл Греј од Лондон во Битола се очекува доцна попладне соопшти менаџерскиот тим на Младински културен центар-МКЦ, организатори на фестивалот кои вечер очекуваат публика од државата и регионот.

Најновото издание на „Битола отворен град“ е во рамките на битолското културно лето „БитФест“ кое денес нуди и друга културна содржина, односно целовечерен концерт на мешаниот и женскиот хор на КУД „Стив Наумов“ кој ќе се одржи во пациото на Завод и Музеј-Битола.

Мешаниот хор ќе исполни дела од Јаков Аркадел, Стеван Мокрањац, Тодор Скаловски и Стефан Гајдов, додека младинскиот женски хор на КУД „Стив Наумов“ ќе исполни дела од Бах, Реј Чарлс, Гусеин Ли и други композитори.

Би можело да ве интересира

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм

Во Кавадарци промовирана книгата „Татков праг“ од Данче Христова Младенова

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ