Завршува фестивалот на класична музика „Интерфест 2013“

Од:

Со концерт на уметници од Италија, виртуозот на виолина Андреа Кардинале и пијанистот Алесандро Мањаско, вечер во Битола завршува 22-то издание на Фестивалот на класична музика „Интерфест 2013“.

Свеченото затворање и целовечерниот концерт на гостите од Италија ќе се одржат во салата на клавирите во битолскиот Завод и Музеј, а на програмата се дела од Тартини, Бетовен, Сарасате и Гранадас.

Годинава фестивалот беше посветен на 200 годишнината од раѓањето на светски познатите композитори Вагнер и Верди, а во рамките на фестивалската програма беа одбележани и 50 години од формирањето на Музичка младина на Македонија. Основачите на фестивалот на класична музика „Интерфест“, Милица Шперовиќ Рибарски и Кирил Рибарски освен организацијата на концертите во Битола, овозможија одржување и на два дисперзирани концерти во Велес и Охрид.

Дваесет и второто издание на фестивалот на класична музика „Интерфест“ ќе се памети по концертите на трио „Сиринкс“ од Романија, пијанистот Џан Ферхат Бујук од Турција, Виктор Кулешов и Еуген Сковородников од Русија, дуото „Браќа Куенка“ од Шпанија, и секако настапот на филхармонијата од Бакау, Романија. Домашната музичка сцена годинава беше претставена од пијанистите Томе Костовски и Зоран Станишиќ-лауреат на 7-от Интерфест интернационален натпревар, како и сопружниците Љубиша и Маја Кировски кои годинава одбележаа 20 годишно заедничко музичко творештво.

Фестивалот на класична музика „Интерфест“ се одржува под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на општина Битола.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска