Завршува 12. „МакеДокс“

Од:

На последниот ден од 12. „МакеДокс“ денеска ќе бидат објавени наградите и ќе бидат прикажани краткиот документарен филм „Е14“ на Пејмен Зекават и долгометражниот документарец „Хелмут Њутн: Лошите и убавите“ на Геро фон Бом.

Поради голем интерес на публиката, вечерва од 20:30 часот, на платото пред Куршумли-ан, репризно ќе биде прикажана и англиско-македонската документарна копродукција со наслов „Сава“. Гласот на реката Сава во филмот го дава светски познатата актерка Мира Фурлан, која почина за време на правењето на постпродукцијата на филмот. Режисер на филмот е Метју Сомервил, на сценариото работеше Мира Фурлан, снимател е Дан МекКрум, а монтажата е на Горјан Атанасов.

Дванаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Град Скопје, Гете институтот Скопје, Институтот „Јунус Емре“, Амбасадата на Украина, Здружението на Украинци во Северна Македонија во име на Лесја Украинка, Норвешката амбасада Белград, Норвешкиот филмски институт, Францускиот институт Скопје, Амбасадата на Кралството Шпанија, УНИЦЕФ, СПОНА, Амбасадата на Република Чешка и Чешкиот културен центар Софија. Партнери се „Петра Пан филм продакшн“, Младинскиот културен центар, Кинотека на РСМ и мрежата на документарни филмски фестивали „Doc Around Europe“.

Сите програмски активности на фестивалот, како што информираат организаторите, се одвивале согласно здравствените протоколи.

Би можело да ве интересира

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска

Земја во фокус – Чешка на 13. МакеДокс“

Ана Ололовска

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска