Со традиционалното поетско читање “Мостови” синоќа завршија 59-те Струшки вечери на поезијата.
Почитувајќи ги протоколите за одржување на културни настани, СВП преку скратено и хибридно издание, и во вакви услови успеа да го одржи континуитетот на најстар поетски фестивал во светот, велат организаторите.
За потсетување, годинашен добитник на Златниот венец на поезијата е израелскиот поет Амир Ор. Најпрестижното национално поетеско признание “Браќа Миладиновци” го доби 24- годишната Ива Дамјановски за книгата “Двоумење”. Таа е и најмладиот добитник на оваа награда досега.
Наградата “Мостови на Струга”, што СВП ја доделува во соработка за УНЕСКО за најдобро дебитантско остварување ја доби Мартина Стракова од Словачка. Наградата “Стојан Христов” за најдобар поет од дијаспората ја доби Тања Кармзова Костиглоа од Франција. Признанието го доделува СВП во соработка со Агенцијата за иселеништво.