Завршија конкурсите за трите награди на „Рацинови средби“ во 2015-та

Од:

Манифестацијата „Рацинови средби“ соопшти дека завршиле објавените конкурси за трите награди за годинашното, 52-рото издание.

На конкурсот за наградата „Рациново признание“ пристигнале девет прозни дела кои влегуваат во конкуренција за оваа книжевна награда која се доделува за прозна книга која е иновација во форма, структура и содржина и која ја одбележала годината меѓу двете „Рацинови средби“.

Нив ќе ги разгледа стручно жири под претседателство на Паскал Гилевски, минатогодишен лауреат на наградата, а одлуката ќе биде соопштена на прес-конференција на 5 јуни.

На конкурсот за нововостановената награда „Антологија на болката“ за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка љубовна поезија од современ македонски поет пристигнале седум апликации кои ќе му бидат доставени на жири.

Добитникот на наградата ќе добие публикација од издавачката куќа „Култура“ и нејзина промоција во рамките на годинашните  „Рацинови средби“.

На конкурсот „Музата на Рацин“, пак, за избор на заштитно лице на манифестацијата „Рацинови средби“, пристигнале девет апликации на средношколки од  Велес. Изборот ќе биде по пат на аудиција пред стручно жири.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска