Заврши снимањето на филмот „Ексчеинџ“ на Иво Трајков

Од:

Заврши снимањето на краткиот игран филм со работен наслов “The Exchange” во режија на Иво Трајков, по сценарио на Верица Недеска и Иво Трајков, а во продукција на Кавал филм од Скопје.

Филмот во целост е снимен на локации во Охрид и Скопје, а е финансиран од руски инвеститор и Кавал филм. Во реализацијата на филмскиот проект учествуваа филмски работници, автори и актери од повеќе земји: Македонија, Русија, Чешка, Србија и Словенија.

Филмот ја донесува приказната за успешна модна дизајнерка од Русија на врвот од својата кариера, но во состојба на длабоко разочарување од животот. Не можејќи да ја пронајде смислата на своето живеење, доаѓа во Охрид да изврши самоубиство. Но, набрзо по пристигнувањето ја сретнува љубовта на својот живот и не знаејќи се вплеткува во љубовен триаголник.

Постпродукцијата на филмот ќе се одвива во студиото “Трикс филмс” од Скопје, а финалниот тонски микс ќе се работи во студиото “Барандов” од Прага.

Главните улоги во филмот ги толкуваат руската актерка Викторија Мироваја и македонските актери Сашко Коцев и Верица Недеска. Останатите улоги ги толкуваат Петар Мирчевски, Ратка Радмановиќ, Марија Новак, Горан Стојановски и други.

Продуцент на филмот е Роберт Јазаџиски, кинематографер Горан Наумовски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Жаклина Крстевска, маскер Горан Игњатовски. Автор на музиката е Тони Китановски, а монтажер Михал Рајх.

Би можело да ве интересира

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ