Заврши првото издание на „Скопскиот поетски фестивал“

Од:

Со мастеркласот, односно работилницата за креативно пишување, која ја предводеше универзитетскиот професор Ким Симонсен од Фарските Острови, официјално заврши првото издание на интернационалниот „Скопски поетски фестивал.

Во трите фестивалски дена можеа да се чујат повеќе поетски имиња Марија Дејановиќ, Сергеј Тимофеев, Танос Гогос, Ким Симонсен, Вонбјошт Ванг, Лидија Димковска, Владимир Мартиновски, Лира Бојку, Ива Дамјановски, Павлина Атанасова, Диме Данов, Ана Голејшка Џикова, Биљана Стојановска, Снежана Стојчевска, Ѓоко Здравески и Јулијана Величковска.

Беше отворена и изложба на која македонски сликари и графички дизајнери креираа дела инспирирана од песна на авторите што настапуваат. Можеа да се погледнат дела од Зоран Кардула, Ване Костуранов, Никола Пијанманов, Андреј Павлов, Воскресија Андреевска, Тони Попов, Марио Каев, Диме Данов, Александар Иванов, Наталија Лукомска, Ива Јованова, Владимир Лукаш, Емилија Мишева, Владимир Илиевски, Филип Мартиновски и Калин Маловски.

Публиката можеше да погледне и поетски филмови направени од Валентина Бактијаревиќ од Србија, а имаше и видеопроекции на шест куси поетски филмови, презентирани во соработка со „Киноскоп“, фестивал на аналогни и експериментални филмови од Белград.

Би можело да ве интересира

Со поетски филмови за Скопје вечерва завршува „Скопскиот поетски фестивал“

Урошевиќ, Мартиновски, Тимофеев, Петровиќ и Пијан Славеј на интернационалната вечер на „Скопскиот поетски фестивал“

Ана Ололовска

Двесетина поети, џез, поетски филмови на второто издание на Скопскиот поетски фестивал

Ана Ололовска

Прво издание на новооснованиот Скопски поетски фестивал

А1он

Започнува првото издание на Скопскиот поетски фестивал

Ана Ололовска

Прво издание на интернационалниот Скопски поетски фестивал

Ана Ололовска