Заврши поетскиот маратон „Бели мугри“ посветен на Рацин

Од:

Со читање на стихови од стихозбирката „Бели мугри“ синоќа во Велес заврши поетскиот маратон кој почна на 7 ноември во организација на велешката гимназија „Кочо Рацин“ и Општина Велес.

Вечерта беше збогатена и со настап на етно составот „Чалгија Саунд Систем“.

Поетскиот маратон се одржуваше по повод 75 години од излегувањето на стихозбирката „Бели мугри“ во Самобор во Хрватска.

Поетски читања во изминатиот месец се одржаа на повеќе локации во Велес, а беа претставени три генерации на македонски поети.

Директорот на велешката гимназија Сашко Андреевски изјави дека целта на манифестацијата била да се донесе поетскиот збор насекаде во Велес.

– Пораката беше македонскиот јазик и македонскиот стих уште еднаш да се препејат и го кажат она што е важно, истакна Андреевски, додавајќи дека стихозбирката „Бели мугри“ е темелот на македонската литература и култура.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска