Заврши манифестацијата „Струшки книжевни средби 2017“

Од:

Во Струга денеска заврши тридневната меѓународна книжевна манифестација „Струшки книжевни средби 2017“ во организација на културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.

На манифестацијата беше претставен портретот на српскиот сатиричар Александар Чотриќ и беа доделени наградите „Книжевна далга“ на академик Ристо Василевски, како и наградите „Струшко слово“ на Мујо Бучпапај од Албанија, Жарко Милениќ од Босна и Херцеговина и на Панде Манојлов од Македонија.

Доделени беа и наградите „Јован Котески“ на Стефан Марковски и наградата „Крсте Чачански“ на Зоран Јакимоски.

За време на манифетацијата, во село Вевчани се одржа поетски митинг и беше претставена современата српска поезија.

Со доделувањето на наградата „Книжевни бранови“ за најдобро прочитана песна заврши поетскиот фестивал во Струга.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски