Со изведба од кавадаречки актери кои се претставија со поезија и настапи на млади љубители на фолклорот, попладнево заврши манифестацијата Кавадаречко културно лето, во организација на кавадаречкиот Дом на култура ,,Иван Мазов-Климе”.
Манифестацијата се одржуваше во јули, август се до денеска на новата велосипедско пешачка патека кон месноста Моклиште, кај кавадаречкото село Ваташа.
Пред присутните денеска се обратија актерот Диме Коцевски и Јулијана Туриманџова, директор на кавадаречкиот културен дом.
-Музички точки, фолклорни изведби, театарски претстави, изложбени поставки, како и бројни други културни активности беа дел од манифестацијата, кои го привлекоа вниманието на публиката, потсети Туриманџова.