Заврши Кривопаланечкото културно лето

Од:

Со театарската претстава „Гледајте радио“ на хумористично-сатиричниот театар Штип изведена синоќа на летната сцена во Крива Паланка, заврши Кривопаланечкото културно лето 2014. Претставата е во изведба на штипските актери Виктор Арев, Трајче Јованов и Ефтимија Јованова, во режија на Трајче Кацаров.

– На наше огромно задоволство, претставата која носи со себе толкување на актуелните политички и социо-економски случувања во земјава побуди интерес кај публиката. Иако претставата живее на штиците една година, ова е наше прво претставување надвор од матичната установа, Штипскиот народен театар, изјави режисерот Трајче Кацаров.

Според него, овој тип претстава е специфичен и за изведба и за перцепција зашто е хумористично-сатирична.

– Пораката на претставата ја носи главниот лик Гоце Делчев, кој поучен од избрзаната одлука за кревање на Илинденското востание ни порачува да не избрзуваме премногу во донесувањето одлуки и понатаму како Македонци на кое било поле од општественото живеење, појасни Кацаров.

Културното лето во Крива Паланка почна на 4 јули и понуди над 40 настани, модни ревии, промоции на книги, поетски читања, уметнички изложби, фолклорни концерти, рок-концерт, театарски претстави. Манифестацијата традиционално ја организираат општина Крива Паланка, Националаната установа Центар за култура и Локалната установа Градски музеј од Крива Паланка, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

По двонеделна пауза, културната понуда на Крива Паланка продолжува со шестиот Меѓународен тетарски фестивал „Св.Јоаким Осооговски“ кој ќе почне на 15 септември.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ