Завршен концерт на Летната школа за гитара на Струмица опен фестивал

Од:

Со заеднички концерт на Влатко Стефановски и професорот Васко Пиличев со учесниците беше означено завршувањето на Летната школа за гитара на Струмица опен фестивал.

Виртуозот Стефановски заедно со уште 50 гитаристи ги исполни култните песни „Чукни во дрво“, „Македонско девојче“ и „Јовано Јованке“ пред сцената „Кај чешмичката“ во паркот во Струмица.

Според професорот Васко Пиличев, бројката од над сто учесници на Летната школа за гитара покажува дека за овој инструмент има голем интерес во Струмица.

– Кога Влатко Стефановски дозна дека ќе има толкав број на посетители се зачуди, а и јас бев изненаден. Кога почнавме со оваа школа пред пет години почнавме само со 12 учесници и бројот растеше од година во година, вели професорот по гитара Васко Пиличев.

Додава дека за два дена не се учи свирење на гитара, но на учесниците им било укажано на што да внимаваат во нивниот понатамошно учење, односно општи работи, но кои се многу значајни за совладување на тајните на гитарата.

Покрај заеднчкиот настап на учесниците и предавачите, имаше и поединични и групни настапи при што беа исполнети различни композиции.

Пред почетокот на концертот на сите учесници Влатко Стефановски им додели благодарници.

Вечер на програмата на Седмото издание на Струмица опен фестивал е концертот на поп пејачката Каролина Гочева, со што ќе биде затворена годинашнава културно-уметничко програма на фестивалот.

Програмата продолжува в петок, сабота и недела на големата сцена на Градскиот плоштад, каде ќе настапат голем број балкански и македонски естрадни ѕвезди.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење