Затворање на „Денови на македонска музика“ со концерт на Македонска филхрамонија

Од:

Со  концерт на Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ свечено ќе бидат затворени 38. Денови на македонска музика.

Под диригентската палка на маестро Жолт Наѓ од Унгарија, оркестарот ќе изведе три светски премиери на оркестарски дела од македонски автори: Danzacalle за оркестар на Мирослав Спасов, „Магијата на пештерите Карчнер“ за симфониски оркестар на Вања Николовски-Ѓумар и Кончерто гросо за удиралки и два гудачки оркестри на Томислав Зографски.

На почеток на свеченоста ќе бидат врачени и традиционалните награди на СОКОМ.

Добитник на наградата „Трајко Прокопиев“ која СОКОМ ја доделува за животно дело е композиторот Томе Манчев. Признанието „Панче Пешев“ за најдобро изведено или публикувано дело од македонски автор во претходната година оди во рацете на музикологот Тина Иванова за монографијата „Михајло Николовски – нашиот Папа Франк“. Наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на македонско дело на минатото фестивалско издание им припадна на Дуото Кировски и на Freiburg Percussion Ensemble од Германија.

Покрај тоа СОКОМ ќе ги промовира во свои почесни членови маестро Фимчо Муратовски – диригент и музички педагог во пензија, Милка Ефтимова – мецосопран и музички педагог во пензија и Јасминка Чакар – пијанист и музички педагог во пензија.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска