На 17 септември во Куршумли Ан во Скопје започна четиринаесеттото издание на Скупи Фестивал.
Фестивалот го отвори министерката за култура, Ирена Сефоска, а се обрати и директорот на фестивалот Музбајдин Ќамили-Мучи.
Претставата што се прикажа првиот ден од фестивалот е „Црна кутија“ од Театарот Миѓени од Скадар, Албанија.
Програмата за вториот ден предвидува преформанс на претставата „Граматичко нарушување“ на Српски Народен Театар од Нови Сад, Србија.