Претстави од Хрватска и од Бугарија вечер за затворање на 14. Скупи Фестивал

Од:

Шестата и последна вечер од 14. издание на СкупиФестивал вечерва на програмата се две претстави – од театри од Хрватска и од Бугарија.

Од 18.30 часот игра претставата „Златна лопата“ на Театар Мергимтари од Загреб, Хрватска.

Во терминот од 20.30 часот, пак, е претставата „Дел од колекција“ на Театар Вагабонди од Софија, Бугарија, која и официјално ќе го затвори четиринаесеттото издание на Скупифестивал, по што жито во состав од Наташа Поплавска, Амернис Нокшиќи Јовановска и Евис Халили ќе ја прогласи најдобрата претстава на 14. издание на СкупиФестивал.

Според протоколот за заштита од Ковид-19, задолжително е публиката да носи заштитна маска.

Вчера во Куршумли Ан во Скопје, на петтата вечер од СкупиФестивал беше одиграна претставата „Кокошка“ од СПАМ Студио од Софија, Бугарија.

Би можело да ве интересира

„Крекање” и „+ 18“ се најдобрите претстави на 15. издание на „Скупи фестивал“

Ана Ололовска

„Будење на пролетта“ најдобра претстава на 14. Скупи фестивал

Ана Ололовска

На Скупи фестивалот вечер претставата „Будење на пролетта“

Ана Ололовска

Започна четиринаесеттото издание на Скупи Фестивал

Ана Ололовска

Почнува 14. издание на „Скупи Фестивал“

Ана Ололовска

Утре почнува 14. издание на „Скупи Фестивал“

Ана Ололовска