„Будење на пролетта“ најдобра претстава на 14. Скупи фестивал

Од:

Четиринаесеттото издание на МТФ Скупи фестивал синоќа беше затворено со претставата „Дел од колекција“ од Театар Вагабонди од Софија. За најдобра е прогласена претставата „Будење на пролетта“ на авторот Франк Ведекинд, во режија на Зана Хоџа и во продукција на Артполис – Центар за уметност и заедница и Косовски национален теата

-Жирито на Скупи фестивал 2020 во состав од Наташа Поплавска, Амернис Нокшиќи Јовановска и Евис Халили заради својот цврст режиски концепт и современа естетика, покажувајќи „нов правец” на балканскиот театарски израз кој е во чекор со европскиот, делувајќи во полето на „тотален театар”, употребувајќи музика, драма, танц и видео, со актерска игра која ги поместува границите, вклучувајќи ја и реакцијата на публиката ја прогласи „Будење на пролетта“, како најдобра претстава на четиринаесеттото издание на МТФ Скупифестивал, соопштија организаторите.

На овогодинешното издание на СкупиФестивал 2020, што се одржа во Куршимли ан во Скопје, продефилираа и следните театарски групи: театар Миѓени од Скадар, Албанија, со претставата „Црна кутија“, Српски Народен Театар од Нови Сад, Србија, со претставата „Граматичко нарушување“, Цараевски Воен театар од Сараево, Босна и Херцеговина, со претставата „Целата моја љубов“, Косовски Национален Театар со претставата „Будење на пролетта“, СПАМ Студио од Софија, Бугарија, со претставата „Кокошка“, Театар Мергимтари од Загреб, Хрватска, со претставата „Златна лопата“ и Театар Вагабонди од Софија, Бугарија, со претставата „Дел од колекција“.

Би можело да ве интересира

„Крекање” и „+ 18“ се најдобрите претстави на 15. издание на „Скупи фестивал“

Ана Ололовска

Претстави од Хрватска и од Бугарија вечер за затворање на 14. Скупи Фестивал

Ана Ололовска

На Скупи фестивалот вечер претставата „Будење на пролетта“

Ана Ололовска

Започна четиринаесеттото издание на Скупи Фестивал

Ана Ололовска

Почнува 14. издание на „Скупи Фестивал“

Ана Ололовска

Утре почнува 14. издание на „Скупи Фестивал“

Ана Ололовска