Во рамки на едицијата „Истражувања“, издавачката куќа „Дијалог“ ја објави новата полемичка книга „Занесот и разбирањето“ од Санде Стојчевски.
„Занесот и разбирањето“ ги донесува завршните размислувања, позиции и ставови со кои Стојчевски ја поентира својата заложба за автономност на уметничкиот чин. Во своето ново дело тој ја продолжува критичарско-полемичката активност со нови книжевни аргументи во врска со сопствените ставови и позиции за вистинската природа на уметничкото дело.
Санде Стојчевски е македонски поет кој паралелно со пишувањето поезија континуирано се занимава со прашања поврзани со природата на уметничкото дело.
Досега објавил повеќе есеистички книги, каде аргументирано ги изложува сопствените погледи за суштината на уметничкото дело, особено на лирската песна. Автор е на книгите „За восхитот и за пораката“ и „Аполон и Меркур“.