Заменик – министерот Лазовски во Сараево и Загреб, јакне регионалната соработка

Од:

Заменик – министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски престојуваше во работна посета во Сараево, Босна и Херцеговина и во Загреб, Република Хрватска. Лазовски присуствуваше на состанок на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа – КОМОКОСЕ и оствари средби за унапредување на регионалната културна соработка.

Заменик – министерот Лазовски беше дел од работниот состанок на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа – КОМОКОСЕ, што се одржа неделава во Сараево. Советот дискутираше за начините на интензивирање на културната размена и соработката помеѓу земјите во регионот.

При посетата во Загреб, тој оствари билатерална средба и со министерката за култура на Република Хрватска, Нина Обуљен – Коржинек. На средбата, Лазовски и Коржинек ја потврдија досегашната соработка на двете земји и се сложија за продлабочувањето на соработката и за што е можно повеќе билатерални и мултирални средби.

Заменик – министерот Лазовски изрази благодарност на до министерката Коржинек и хрватското Министерство за култура за поддршката при основањето на Координативниот центар за културна соработка во рамки на Иницијативата „16+1“ на земјите од Централна и Источна Европа и НР Кина.

За време на престојот во Загреб, Лазовски беше гостин и на премиерата на претставата „Ричард Трети“ во режија на македонскиот режисер Александар Поповски, која се одржа во Театарот „Гарела“.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија