„За луѓето и боговите“ вечер во кино Фросина

Од:

Филмот на Гзавие Бовоа „За луѓето и боговите“, вечер ќе биде прикажан во кино Фросина во рамки на Неделата на францускиот филм.

Филмот во 2010 година ја понесе Гран при наградата на Канскиот филмски фестивал, кој важи за еден од најпрестижните во светот.

Бовоа на платното го пренесува животот на осум француски христијански монаси кои живеат во хармонија со нивните муслимански браќа во манастир во Алжир од деведесеттите години од минатиот век. Кога една екипа странски работници е масакрирана од исламистичка група, во регионот завладува терор. Војската им понудува заштита на монасите, но тие одбиваат. 

Снимен е 2010 година, а во главните ролји настапуваат Ламбер Вилсон, Мајкл Лонсдајл и Оливие Рабурди.

Утре вечер на програмата на Неделата на францускиот филм ќе бидат прикажани два филма. Во терминот од 20 часот ќе се одржи проекцијата на „Добредојде“ на Филип Лиоре од 2009 година. Филмот беше прогласен за најдобар филм во 2009 година според француската публика, а имаше и 10 номинации за престижната француска филмска награда „Цезар“ за истата година.

Во 22 часот, пак, ќе биде прикажан  „Искрени пријателства“ на Стефан Аршинар, кој е прогласен за најдобра комедијата во Франција за 2012 година.

Оваа филмска манифестација ќе биде заокружена со кафе дебата посветена на слободата на уметничкото изразување насловена „Филмот алатка за сонување или огледало на реалноста“. Темата на дебатата е во контекст на случувањата со сатиричниот весник „Шарли ебдо“, и е обид да се разменат мислења за толеранцијата, религијата и мултикултурноста. Ќе се одржи на 17 февруари во 19 часот во Францускиот институт во Скопје, а ќе учествува и амбасадорката на Франција во Македонија Лоранс Оер.

Неделата на францускиот филм е во организација на Францускиот институт во Скопје, а се реализира во соработка со Младинскиот културен центар.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он