„Where Jazz Meets Clasical“ е насловен концертот што вечер во рамки на „Скопско лето“ ќе се одржи во Даут-пашин амам.
Ќе настапат кларинетистот Бранко Павловски и пијанистите Ема Потевска-Попивода и Вилијам Харнд од САД.
На концертната програма се дела од Џорџ Гершвин, Астор Пјацола, Скот Џоплин и Анте Гргин.