Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

Од:

Со меѓународно поетско читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен Венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга” вечер на Мостот на поезијата во Струга завршува 63. издание на Меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата (СВП).

Највисокото фестивалско признание „Златен венец“ ќе му биде врачено на годинашниот лауреат, францускиот поет Жан Пјер Симеон. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата ќе и биде доделена на македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова за книгата „Небото ми е дома“. Академик Ќулафкова по втор пат го добива ова признание, во 1989 и беше доделно за книгата „Жедби“. Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант ќе и биде врачена на германската писателка Катрин Пиц за нејзината
поетска книга „Вакви денови имало отсекогаш“, потенцираше Мартиновски.

Во поетската престолнина инспирирани од Охридското Езеро, реката Црн Дрим и природните убавини на градот на мостовите изминатите три дена творат и читаат поезија 25 странски и 50-тина домашни поети.

Меѓунардниот поетски Фестивал свечено беше отворен во четвртокот со традиционалнот палење на фестивалскиот оган и садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златниот венец“.

Би можело да ве интересира

Врачени највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата

Жан Пјер Симеон: Поезијата е местото каде можеме сите да се обединиме

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Сиљановска Давкова ги прими лауреатот, добитничките на награди и организаторите на 63. издание на Струшките вечери на поезијата

„Струшки вечери на поезијата“ од 22 до 26 август под мотото „Допир на убавината“

Жан Пјер Симеон добитник на „Златен венец“, Катрин Пиц на наградата „Мостови на Струга“