Возбудливото „Ана Кап трио“ во Камерната сала на Филхармонија

Од:

Неконевенционалниот музички состав од Франција „Ана Кап трио“ во сабота на 15 февруари во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија премиерно пред македонската публика ќе го претстави своето возбуливо „Траума шоу“. Во ова трио свират Пјер Миле – труба, Мануел Декок – виолина и Жан Мишел Трото – хармоника.

Во ова лудо и поетско шоу, „Ана Кап“ триото свири, пее, танцува и „распарчува“ и ништо не е оставено на случајноста. Слушаме наизменични трогателни и хумористични моменти, со прецизност на швајцарски часовник.

„Траума шоу“ на француското трио „Ана Кап“ е вистинско камелеонско, инспиративно патување во кое се комбинираат виртуозна музика, чудесна комедија и дадаистички песни.

Тоа се тројца извонредни музичари: фасцинантен трубач кој по секоја цена покажува неизвесност, среќен хармоничар со биполарна тенденција и срамежлив и измачуван виолинист, кој се обидува, најдобро што може, да ја спаси фарсата…

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска